ваков (прид.) - фонетски (прид.)

Во централното македонско наречје, меѓу другото, се имаат вакви фонетски особини: старомакедонските гласови ъ и ь, во оние места каде што се имаат зачувано, преминуваат во о и е, на пр., денот од старомакедонското дьньтъ преку дьнът; сонот од сънътъ; наместо старото тј и дј имаме ќ и ѓ или јќ и јѓ, на пр., врејќа и туѓа135; наместо нј имаме јњ, на пр., којњ наместо конј, наместо ? - а, на пр., рака и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)