ваков (прид.) - негов (прид.)

Ваквиот негов став секако бил овозможен од големите и необично значајни општествени поместувања што се вршеле кон крајот на XVIII и во почетокот на XIX век.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но, зошто ваквата негова ненадејна и без било какво објаснување, промена, не ѝ го врати мирот? И среќата?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кој беше поводот за ваквото негово размислување?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем на ваков начин ми приговараше поради некои од забелешките што ги бев нафрлил за да можам на нешто да се потпрам додека ја пишувам мојата книга?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Откога го паметам тој е жртва на своето срце, жртва на широката руска душа, на своите заблуди, со еден збор жртва на животот кој најбескрупулозно ги користи ваквите негови слабости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А оној кој ќе почне да му сочувствува и несакајќи ќе се исправи пред неслутени околности.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше да помине некоја минута за да ја сфатам причината за ваквото негово однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зошто да крие, таа си мислеше дека ваквото неговото однесување нема да потрае вечно!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)