ваков (прид.) - чекор (имн.)

Останал без земја и решил на ваков чекор, за да се добере до малку пари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, овие прашања не се поставуваат нагло и без внимание.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Обраќањето за остварување на своите загарантирани права таа го реализира после две години откако истите ѝ се прекршени, поточно кон средината на 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Благодарение на нејзините контакти со централниот синдикат таа добива поддршка и правна помош во остварувањето на нејзините работнички права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ниту таа, ниту колегите кои се решиле на ваков чекор – по судски пат да си ги остварат своите права – не се обратија до Трудовата инспекција, бидејќи немаа верба дека овој државен орган нешто би помогнал во конкретниот случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас знаев дека е откачена на некој свој начин, ама за ваков чекор...?!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Морате да дадете сѐ од себе да ја согледате карактеристичната еротска вредност на секоја потенка точка од таа мажествена изведба – да го дофатите точното значење на онаквиот двиг, на ваквиот чекор, на онаквиот говор, на ваквиот склоп од плеќи, на онаквоно кимање со главата, на онака потстрижениот тил, на ваквите тренерки, на ведриот флерт со други мажи или на отфрлањето на некоја идеја зашто била приглупа. ‌Мора да определите (со должна почит кон Ричард Дајер) што „има“ во фризурата. ‌Накратко, дадената општествена форма мора да ја сфатите во сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајка молчеше, не можеше убаво да ја дофати алузијата: дали Татко беше предизвикан на ваков чекор од откривањето на заборавените Мајкини знамиња, или имаше некоја подлабока причина којашто тој сѐ уште ја криеше од неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)