ваков (прид.) - размислување (имн.)

Со вакви размислувања влегов во берзанската зграда.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ваквото размислување ја водеше во вистинска насока.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Слушајќи ги ваквите размислувања на тетка Боса не можев да се ослободам од впечатокот дека таа се трудеше да нѐ увери дека постапките на смртта повеќе се потпираат на стрпливоста при изведувањето на тие постапки а помалку на случајноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум сигурен колку можам да ги сфатам а камоли да ги прифатам ваквите размислувања! Тоа и му го велам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)