ваков (прид.) - положба (имн.)

При ваквата положба во гратчето ретко кој би се осмелил да преземе акција во која би морале сите да се ангажираат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не му беше првпат да се најде во ваква положба, а планината и дивината го беа научиле како да се однесува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Законот содржи, сè на сè, десет члена. 2.  По неговото влегување во сила, овој Закон, поради пререстриктивните услови и ди- скриминацијата кои ги воведе (имено, од околу 5.000 – 6.000 лица во иста ваква положба – за коишто, патем речено, имаше обезбедено парични средства со ребалансот на Буџетот на РМ за 2008 година, со него беа опфатени само околу 2.000!?) – тој беше оспорен пред Уставниот суд на РМ, преку рекордни девет различни претставки, од страна на повеќе лица-иницијатори, меѓу кои беа и дел од авторите на овој труд – Апасиев и Савески.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во ваква положба остана се додека Адем не излезе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никој од присутните не знаел за ваквата положба на Дрим, Глобочица и Шпилје.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)