ваков (прид.) - мисла (имн.)

Стрпливо и вредно носеше сега тули синот на Тајко, исполнуван со вакви мисли. Камења, малтер, па тули. Како во „Света Софија“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа тоа не му го кажала на својот маж, но, во нејзината душа започнала да се раѓа една ваква мисла: да го напушти мажот токму поради тоа што многу го сакала и што тој бил многу добар.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со вакви мисли, обземен од судбината на Бургиба, сопрен натрапнички да се овековечи во историјата, појдов со дипломатскиот чопор кон Сиди Дауд на вистинската матанѕа, на лов на туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но плачењето не е за луѓе што градат. Плачењето е за луѓе кои жалат над урнатото и над минатото. Скокнав опоменат од ваквата мисла.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе биде тоа организирана балканска матанѕа на јагулите, кои се беа разминале со јатото туни, кои ќе ја доживеале или избегнале медитеранската апокалипса.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)