ваков (прид.) - место (имн.)

Во ноќните часови, на најпрометните шеталишта, и тоа не само на Сен Мишел, туку и на сите вакви места во Париз, па и на сите попрометни станици и шеталишта во париското метро, интензивна трговија водат „хипиците“, кои се препознаваат со своите екстравагантни изгледи, облекување, по брадестите физиономии и испосничките лица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сето ова бара подлабоки сондирања внатре во „човекот“ отколку што тоа на едно вакво место, претпоставувам, се очекува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Навистина не беше препорачливо да се биде виден на вакви места, особено без некоја конкретна работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и самото влегување во едно вакво место бараше голем нервен напор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)