ваков (прид.) - барање (имн.)

11. РИБА ОД НИВА, ШТУРЕЦ ОД МОРЕ - за вакви барања елбете сме криви, но дали сме прави од небото горе кога бараме светците да ни се живи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Она: дека пишувањето е начин на живеење, но дека јас , за жал, не можам да му се приклонам на едно вакво барање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку повеќе наближуваше до канцеларијата на адвокатот, почна да се плаши тој да не му каже дека веќе е доцна за вакво барање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Зошто? Што се случило?“ „Во поднасловот пишува: - Ваквото барање се должи на сомневање дека на Дрисла се депонира штетен индустриски отпад, а не е јасно и дали депонијата е техничко- технолошки оспособена за работа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Барањето за поведување на постапката се поднесува до одговорното лице кај работодавачот, а освен работникот, вакво барање може да поднесе и претставник на синдикатот, лице надлежно за работите за безбедност и здравје при работа или за управување на човечки ресурси и претставник на вработените, по писмена согласност на работникот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место (чл. 19).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се разбира, тој бил изненаден од едно вакво барање, но не можел да не го поврзе тоа со неговата ситуација, со „мувата на капата“, со Ерменката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)