ваков (прид.) - каков (зам.)

— Е, речите „аирлија“, дедо Ристе, и ти, дедо Петко. Јас кандисуам, ваква каква е Доста да а зема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас немав време да ги слушам овие приказни, за мене беше доволно тоа што го знаев, дека нашите се доселиле од Крајова, овде купиле куќа во Дебар Маало (јас и Мариела израснавме во таа куќа со голем двор што беше наш свет во детството) и, еве, сега го живееме животот ваков каков што е.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Болката не го уби животот на очниот вид и тој не го бараше небото туку следеше: Иван брзаше, не бегаше, брзаше да се оддалечи од самиот себе, ваков каков што беше - непознат до петици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште лежам замелушен, несреќен, со единствена насоченост како да исчезнам, како да ме нема оваков каков што сум сега. А, ме има.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сакаме да нѐ видат и да нѐ сметаа не вакви какви што се другите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И луѓето би можеле да бидат не вакви какви што се.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако ќе им ја исцеди и последната капка сила, само повиканата господарка на светот ни ги враќа, остарени и немоќни, вакви какви што сме сите ние, каков што сум и јас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со радост ве известувам дека меѓу нас е Пупи Паф.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ќе му кажам...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- За ваквите каков што сум јас, микој не ќе даде ни најмала невидлива пара.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гневот од мојата несреќна околност да сум ваква каква што сум. * * * "Благословени се оние кои веруваат, а не виделе!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Добро што е тоа невозможно, затоа што и ние не би биле вакви какви што сме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа ја одложи кариерата за да ме чува мене, па сестра ми, па двете заедно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бил и останал таков: млади жени поучувал, постарите ги обогатувал со сеќавања за младоста, на ваквите каква што била Фиданка Кукникова им се предавал в раце како штотуку да ги одвоил усните од млечна дојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој бил и останал љубезен и со насмевка на младоженец пред прва вечер во која тој само ќе го повтори она што го научил на тајни среќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Можеби заради тоа што никогаш до сега не бил 19 октомври, токму оваа година, а сега е, и тоа е така; можеби затоа што овој датум значи повеќе отколку било кој друг датум во историјата; затоа што е оваа година токму ваква каква што е, во сиот свет, и токму затоа е ова крајот.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)