ваков (прид.) - размисли (гл.)

Не знам што ме тера на вакви размисли.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во моментите кога во главата му доаѓаа вакви размисли, чувствуваше дека сака да си ја намали вината пред себеси самиот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За среќа наиде Даскалов. Не знам од каде и зошто но мене за момент ми се пристори дека Даскалов штотуку завршил тешка борба на некој ринг и сега се враќа во аголот со насмевка на победник, згора на тоа и сигурен дека немам причина да му го запустувам задоволството.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
В ред, можеби Даскалов ја кажува вистината кога вели дека пред донесувањето на каква било одлука треба убаво да се размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега веќе гледам дека ваквите размисли не биле само обид за договор со иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И мислам дека борејќи се со вакви размисли бев на пат да совладам цело едно брдо ќебапчиња во ќебапчилницата на Кире Сомунот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мене секојдневните вакви размисли ме исполнуваа со страв, со возбуда, како да ги доживував повторно оние приказни што баба ти Стојка ни ги раскажуваше кога бевме мали со една единствена цел, да нè преплаши.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе ми наидат ваквите размисли секогаш пред очи ми излегува сенката на дед Павел, застанат на чардакот на неговиот имот во Горни Балван.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секогаш после нејзините приказни тешко заспивав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Онаа непрекината поврзаност на неговиот поглед со погледите на луѓето од Новодеревјановское, или уште подалеку, и тоа преку ѕвездата што ја беше избрал за своето дружење со нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од кои сознанија поаѓам во ваквите размисли?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Што ги поттикнало кај неа ваквите размисли, се прашував?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Воден од ваквите размисли кои и не беа најсоответни за моментот, но и од љубопитноста што неодмерената убавина знае да ја побуди, почувствував дека посакувам да ѝ пријдам на девојката во бело.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)