важен (прид.) - во (предл.)

Не го тревожеше мајсторот што се победите во тој свет чиста илузија, зашто тој знаеше дека, ако се размисли добро, до тоа се сведуваат и многу работи што се чинат важни во животот и на кои им се посветуваат со сиот напор сериозни луѓе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Здивот на публиката зад тебе е сосема малку важен во откривањето на глетката.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А можеби бегот и не беше важен во настаните што ќе следуваат, та затоа го немаше и во претчувствата? - си рече момчакот, тешејќи се.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еднаш едно, другпат друго... затоа родителите се многу важни во развојот на децата, за да ги насочат, за да ги заинтересираат, да ги упатат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Но, тета, ете, таа не е кич жена, а Саше е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу нешта се важни во живото, но сепак, од љубовта нема поважно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Борко тогаш веќе бил важен во таа власт, но тој не ни дошол во Долнец да види што се случува, веројатно за да не му биде замерено дека брани кулаци.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што се однесува до позитивните промени во периодот пред 2010 година, тие се и помалубројни и помалку важни во споредба со негативните промени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Француската филозофија, на пример, неодамна ја истакна важноста на јазикот и семиотиката во одредувањето на човечкото однесување и на социјалните структури.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
НАШЕТО ОПРЕСИВНО ПРАВО СТАКНАТО СО РАЃАЊЕТО: ПОЛИТИКА НА БУКВАЛНОСТА Етимолошката разлика помеѓу грчките и романските (римски) термини мошне е важна во праксата на културите каде што овие термини се употребуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од неговата провокативна и храбра, но морално и идејно речиси беспрекорно позиционирана книга, “Барикади”, ние, за македонскиот читател и со оглед на нашиот контекст, одбравме шест есеи и дел од воведниот текст во книгата, сметајќи дека едноставноста со која се изречени сериозно промислените ставови на Буден ги квалификува (ставовите/есеите/самата книга) во своевиден водич за интелектуална “Таа македонска интелигенција еманципација на дезориентираниот всушност и не е никаков источноевропеец. инте­лектуален фактор Претпочитаме дека овие ставови на туку прост општествен Буден ќе бидат посебно важни во нашата слој, опортунистичка интелектуална атмосфера која, во светлината малограѓанштина во најлоша смисла на зборот. на срамните настани на универзитетот “Св.Кирил и Методиј” 8 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Изгледа дека нема сомневање во тоа дека проблемите на проектирањето за кои дискутиравме се многу важни во овој посебен случај на проектирање објект за лечење и нега на ментално болните.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)