важен (прид.) - фактор (имн.)

И државниот секретар на САД, Кордел Хал, во писмото од 13 јануари 1942 година, во однос на обединувањето на Американците од словенско потекло, ја истакнал "полната поткрепа на нашите воени напори од страна на американските граѓани од словенско потекло кои претставуваат важен фактор во нашите производни програми во оваа тешка ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По неколкумесечни подготовки, на 25 и 26 април 1942 година, во Детроит, во присуство на 3.000 делегати, речиси од сите краишта на САД, се одржал Првиот американско-словенски конгрес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Освен нив, важен фактор се јавуваме само ние Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Друг важен фактор е и објективноста. Во денешниот свет сѐ поголемо значење добиваат јавните медиуми, особено телевизијата, како главни обликувачи на јавното мислење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во моментов само неколку луѓе се доволно информирани за да имаат јасен увид и јасна стратегија, но и непредвидливоста е важен фактор, бидејќи работите навистина брзо се менуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)