буржоаски (прид.) - јавен (прид.)

Темелното проучување од страна на просветлената и граѓански настроена јавност вклучена 93 Simone Chambers, “The Politics of Critical Theory” in The Cambridge Companion to Critical Theory, ed. Fred Rush (Cambridge: Cambridge University Press, 2004), 230. 83 во јавна критичка дебата станува тест за рационалноста и правото: „Бидејќи критичката јавна дебата на приватните лица уверливо тврдеше дека е во природата на непринудното истражување за она што е истовремено точно и правично, легислативата којшто можеше да се повика на јавното мислење затоа не можеше експлицитно да се смета за доминација“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Вистинската буржоаска сфера беше далеку од егалитаристичка, инклузивна и демократска.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Појавувањето на „буржоаската јавна сфера“ во раната модерност е претставено од Хабермас како позитивен чин.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
92 Појавувајќи се во 18 век во Британија, Франција и Германија, и првично однесувајќи се на дискусии за литературни дела, овие форуми бргу се развиле во институции за политичка дебата и учество во политичкиот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа значеше исклучување на многу други групи, врз основа на нивната раса, род, класа.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зголемената комуникација, учество и рационална критичка дебата за вредностите и нормите кога се прави реконструкција на општеството Хабермас ги смета за лек против „патологиите на животниот свет“. 102 Simone Chambers, “The Politics of Critical Theory” in The Cam- bridge Companion to Critical Theory, ed. Fred Rush (Cambridge: Cambridge University Press, 2004), 232. 103 Stiven Best Daglas Kelner, Postmoderna teorija (Skopje: Kultura, 1996), 340. 90 Хабермасовата мошне влијателна дисекција на капиталистичката модерна во процесот на нејзина транзиција од либерален капитализам кон социјална држава може да се проблематизира на повеќе основи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Всушност, на почетокот јавната сфера се состоеше од еден многу тесен сегмент на европското прото- капиталистичко општество: учеството во буржоаската јавна сфера беше 104 Douglas Kellner, “Habermas, the Public Sphere, and Democracy: A Critical Intervention,” http://www.gseis.ucla.edu/faculty/ kellner/papers/habermas.htm 91 ограничена на белите, образовани мажи, сопственици на имоти.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
84 Медиумот на оваа политичка конфронтација беше необичен и без преседан: јавно користење на нивниот разум од страна на луѓето.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Исто така, во ова сфаќање на буржоаската јавна сфера како јавност на приватни лица кои се здружуваат за да дебатираат за прашања во врска со државната власт над нив, приватната сфера (вклучувајќи го и семејството) се постулира како сфера на слободата која треба да се брани против државната доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како таква, за Хабермас јавната сфера е одлучувачка институција на демократијата и неопходен предуслов за партиципативната демократија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, Хабермасовото песимистичко гледиште за дегенеративната трансформација на јавната сфера не ги зема предвид овие опозициски јавни сфери, како што се сифражетките, движењето за граѓански права, итн. 105
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
95 Буржоаската јавна сфера го потпомага развојот на јавното мислење кое се спротивставува на државната моќ и има можност да влијае врз политичката пракса.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Гласовите на работничката класа и женските гласови не се слушаа во буржоаската јавна сфера; овие исклучени групи мораа да развијат свои, независни форуми на изразување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
94 Историски гледано, буржоаската јавна сфера претставува барање од страна на приватните лица за јавен простор како инструмент за практицирање контрола врз апсолутната моќ на монархот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)