бурен (прид.) - живот (имн.)

Така проповедал Гоце - пишува неговиот биограф П. Јаворов - зашто само љубовта кон народот го раководеше на секоја стапка во неговиот бурен живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но па си еј, со песната моќна, со бурниот живот на Егеја брат, но па си еј, со надежда сјајна за светли дни, за ноќот драг. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Бургиба беше свесен за својот трагизам како и секој смртник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мене дозреваше решеноста да трагам по Татковото цариградско време, во сенката на бурниот живот на Фетхи-беј Окијар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурна сум, мислеа дека сум се вратила пореметена или изгубена од дрога и бурен живот како што им се случи тоа на неколкумина од мојата генерација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)