бурен (прид.) - време (имн.)

Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите агрономски студии што почнаа уште пред шестојануарската диктатура, а сега навлегоа во бурното време на Втората светска војна и се преместија во друга престолнина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бурни времиња беа тие, рече. Тогаш, рече, ни злосторствата не се докажуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тие бурни времиња, најбитно беше, како што велеше Татко, да остане главата на рамења.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)