буков (прид.) - шума (имн.)

И така, Крсте го префрли Трибор и навлезе во дебелата букова шума „Свињарникот“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Понатаму се простира густа букова шума.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бојан стоеше на височинката зад колибата, загледан на север во едно парченце пат што избиваше од темната букова корија, се простираше дваесетина метри преку една чистинка и пак се вовираше во високата букова шума.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гледај! И гледаа. Зелена долина змиулесто пресечена со бистро поточе, обрабена по ридовите со високи букови шуми, ишарана со ливади, жолти стрништа, овоштарници, зелени компиришта, папрат...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Целата долина, од оној врв, Чукарот, кој како шилец се вишеше над столетната букова шума од северната страна, па до Рамните Ливади, три, четири километри подолу кон југ, се викаше Гогов Валог, според името на некој пра-пра Бојанов дедо кој ги расчистил и разорал плодните падинки покрај поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од последното стебло на буковата шума косо се спушта неголема чука и станува испресечена со ендеци и ретки куси сенки од дивите грмушки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стрмолокот од оваа страна над патот беше густо обраснат со букова шума.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Среде во буковата шума се наоѓаше голема пештера.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)