бугарски (прид.) - државен (прид.)

На 13 мај 1942 година, овој весник известува за одржаниот судски процес во Скопје, од 27 април до 9 мај 1942 година, на кој им се судело на 45-те припадници на Првиот скопски партизански одред.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така на пример, најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“, на 9 мај 1942 година известува за извршениот атентат во Битола над Александар Ќурчиев, областен началник на бугарската државна безбедност, од страна на Стив Наумов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)