бугарски (прид.) - егзархија (имн.)

Бидејќи во Турција не се признаваа нации, туку вери, а овие беа олицетворени во признатите автокефални цркви, основањето на Бугарската егзархија го наложи и административното воведување на бугарското име за сите поданици на султанот што се приклучија кон таа единствена словенска православна црква во границите на Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По формирањето на Бугарија како зависно кнежевство, во 1878, таа ја презела целокупната иницијатива за ширење на големобугарската пропаганда во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 28. 2. 1870 година, со царски ферман од грчката Патријаршија беше издвоена една посебна верска јурисдикција - бугарската егзархија кон која, за да се заштитат од насилството од грчкото духовништво и за свој автономен духовен и културен развој, многу славјански општини се приклучија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
82. И самиот Мисирков на други места зборува дека бугарското име во Македонија не е резултат на дејноста на Бугарската егзархија, туку реликт од средновековјето, но овде тој секако го има предвид воведувањето на ова име и преку турската администрација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)