бугарски (прид.) - држава (имн.)

Во 1885 год. таа насилно беше присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја нападна младата бугарска држава, но ја загуби војната, со што се создадоа нови околности за развитокот на националистичките пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По заминувањето од Моравија, во 886 бугарскиот владетел Борис го испратил Климент во областа Кутмичевица која се простирала во Југозападна Македонија со двојна цел: да се обучат словенски учители и свештеници и истиснат од црквите грчките, и преку црквата да се дејствува во смирување на верниците и нивно претварање во послушни поданици на бугарската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарската држава беше повеќе со словенско население, но со името на нејзините образувачи, т.е. монголските Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По должината на тој синџир од јужнословенски племиња и наречја како да се образувале 4 јаки јазли, што ќе рече, 4 држави со разни имиња, т.е. словенечка, хрватска, српска и бугарска држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така Македонија во нејзиниот денешен вид, до образувањето на бугарската држава беше една полусамостојна византиска област.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)