бугарски (прид.) - дипломат (имн.)

Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонското прашање во рацете на бугарските дипломати и народ е ред глупости направени само на македонска сметка и наречени меѓународни победи на бугарската самостојна политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таков ќе беше излезот од востанието при поголем опит меѓу бугарските дипломати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа согласување досега се сметаше за државно предавство, но откако бугарските дипломати си го испитаа сето бессилие, и при најголемите свои усилби сами да го решат македонското прашање, ќе се најдат цел ред бугарски дипломати што ќе погледнат на тоа согласување како на неизбежно зло.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарскиот дипломат сметал дека “регистрирањето“ на куќите се вршело во рамките на подготовките за масакри, а според францускиот вицеконзул Готје, “анкетите“ биле вршени за да се олесни следењето на сомнителните лица.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)