британски (прид.) - шеф (имн.)

Откако таа информација пристигнала во Белград, британскиот и американскиот шеф на мисиите веднаш го запознале Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, и зачестените изјави на македонските политички и воени лидери за обединувањето на Македонија биле една од причините Форин офис да се обрати до британскиот шеф на мисиите во Југославија, Фицрој Меклин, и од него да побара тој да се сретне со претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за да го запознае со активностите што се преземаат во Македонија на тој план и да добие информации за улогата на Југославија во тие настани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од страна на британскиот шеф на мисиите во Македонија, Милер и американскиот Дикинсон барањето на ГШ било проследено до Фицрој Меклин, кој веднаш реагирал кај претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од заклучоците на Заседанието особено бил задоволен британскиот шеф на мисијата Милер.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На одржаната средба со Тито, Меклин отворено го известил дека Британците се посебно загрижени околу активностите кои се одвиваат во Македонија, чија цел е нејзиното обединување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)