британски (прид.) - министер (имн.)

По изразената советска поддршка во однос на југословенско-бугарската соработка, британскиот министер Идн поставил серија принципиелни прашања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во информацијата испратена до британскиот министер за надворешни работи, Антони Идн, од страна на политичкиот разузнавачки центар на Средниот Исток од 3 јануари 1944 година, се укажувало дека најактивни региони биле Охрид – Тетово, околината на Прилеп, Тиквешијата и потегот северно и западно од Скопје.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој, пред сѐ, се вознемирил од „развојот на настаните, кои ја покажувале намерата на Советската влада за доминантно влијание на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идн истакнал дека тој не верува оти на "државите под режим на примирје би можело да им се дозволи да склучуваат мировни договори без дозвола на сојузниците", посебно што Бугарија не била "слободна да прави што таа сака".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, се укажувало дека учеството на Македонците во антифашистичката и народноослободителна војна главно било мотивирано од нивната желба за отфрлање на странската доминација и Македонија да им биде оставена на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сè позачестените дописи од страна на дипломатско-конзуларните претставништва на Велика Британија дека СССР веќе размислува и дејствува во однос на редефинирањето на повоените граници биле причина британскиот министер за надворешни работи, Антони Идн, во средината на 1944 година, на овој проблем да му пристапи со сета сериозност, бидејќи тоа ги загрозувало интересите на Велика Британија на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)