британски (прид.) - експерт (имн.)

Според нивните анализи на советското инволвирање во Грција, британските експерти сметале дека во почетокот на војната тие не покажувале поголем интерес за она што се случувало во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Второ, поседување на умерен дел од Македонија, во кој би било вклучено и пристаниште од Егејското Море, би ја ослободило Бугарија од зависноста од пловните патишта на Црното Море - Дарданелите и Дунав за снабдување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на бугарскиот стратегиски интерес во Македонија, британските експерти истакнале дека тој бил "двоен…прво, поседувањето на Вардарскиот басен би ѝ овозможило да ја одвои Грција од Југославија и да добие заедничка граница со Албанија; ситуација која во случај Југославија да се дезинтегрира би ја направило Бугарија доминантна на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но оваа нивна политика се променила пред „околу два месеца“, кога тие започнале отворено да ја „поддржуват ЕАМ и да ја критикуваат“ британската политика.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британската Служба за специјални операции (Special Operation Executive – SОЕ)40 ја презела командата за реализирање на субверзивните активности и започнала да планира како „да ја запали Европа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)