брз (прид.) - нога (имн.)

А потоа наеднаш брзите нозе ќе го занесат тој смешен корен на некое најпусто место.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога би го имал металното зрно страв што фазанот го носи на врвот од клунот додека се обидува возбудените женки качени на танки но брзи нозе да ги преведе преку поспаната шумска патека што бавно води кон самиот врв на брдото не ќе го досегнев никогаш оној игрив чекор на старчето што својата мудрост и стрпливост по истиот пат ги пренесува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Една провалија на недостасување на вабање, на зборови и движења, едно вечно неразбирање, едно проклетство на дивината, и уште едно несфаќање на еден нов закон, што сакаше да му го наметне на тоа живинче тој, бидејќи со тоа се нарушуваше законот на остриот заб и на брзите нозе, на она бестрашно завивање и некое скришно, бесшумно и притаено постоење, како што расте тревата, како што дува ветрот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој најпрво помислил дека брзите нозе ќе го спасат од трагедијата да биде наденат на рог од крава, ама после сто-двесте метри стипл-чес, сфатил дека куршумот насочен кон кравата, а испукан од пиштолот кој случајно го имал кај себе, ќе му овозможи да поживее малку повеќе од годините што си ги носел на плеќите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Само јас го видов тоа опашесто чудо, тој порив на мажјакот да го разурне спокојството, тој пресметан кликтеж на насилникот над зачудениот честак додека ги вика на својата самотна полјанка возбудените женки качени на танки но брзи нозе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе се случи трк. Трк на брзи нозе во прецизен ред, згуснат ред од воини со спружени копја, штитови еден до еден поредени: како тепсија над нивните глави!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)