брачен (прид.) - ноќ (имн.)

Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чудно, помисли, зарем е можно сонот да биде поважен од исчекувањата и трепетот што ја нуди првата брачна ноќ?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега знае дека не смеат да ја мажат, оти по првата брачна ноќ сите прсти би покажувале на нив, на децата на нечестивиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ТЕМЈАНА: А што е друго сето ова! Денес, на свадбата при првата брачна ноќ!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ти секако не ги гледаш, зашто твоите очи се устремени само кон една жена, твојата мисла е оптоварена со задоволството на првата брачна ноќ
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Имајќи предвид дека на првата брачна ноќ требало да бидат невини, неможејќи да се борат со потребата за секс, морале да се мажат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Алегра запозна две веридби, но никогаш не го вкуси свадбениот ритуал, сласта на брачната постела, првата брачна ноќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Влезе во дуќанот и скршена од болка, додека ги прередуваше незавршените костуми, го најде свадбениот костум што Јехуда си го беше сошил за сопствената свадба, го доближи до лицето залудно обидувајќи се да го почувствува мирисот на нејзиниот син од необлечениот костум и се струполи на земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ја барам Гертруда,“ рече Рајнер. „Презимето не ѝ го знам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои девојки од своите мајки дознаваа, само неколку часови пред венчавката, што е она што ќе се случи во првата брачна ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нѐ погледна и рече: „Ова не е соба за прва брачна ноќ. Што барате овде?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Невиноста беше идеал заради мажот: оние девојки кои остануваа немажени, стануваа предмет на потсмев, а невиноста, идеалот на векот, се претвораше во срамен остаток, како да е некаков неприроден израсток, затоа што немаше кому да биде принесена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Последната ноќ пред првата брачна ноќ, последното патување пред првото брачно патување.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Остатоци од блудот на епикурејската публика и првата долго очекувана брачна ноќ, со длабок сон по напорното броење пари, и отворањето пакети со нокти и со заби. 06.2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)