брачен (прид.) - кревет (имн.)

Кога се видов идиот, веќе бев во цивилно одело, лежев дома во брачниот кревет покрај мојата животна сопатничка и беше касно за промени на неславното минатото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Такви брачни кревети немаше никаде повеќе, освен во домовите на проловите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една мајка со ужаснување ја погледна неговата, кога тој, додуша сосема свесно, на двете кукли кои некој ги беше ставил во брачен кревет, како да се маж и жена, им додаде уште една, речиси андрогина, целата искубана и рамна, поставувајќи ја опчекорена над ’машкото’.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Над брачните кревети на неговата спална беше закачена голема слика од мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ја донесоа дома за да умре, и ја легнаа на големиот брачен кревет во спалната, таа едвај да виде дека таму лежи човек.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Седеше на колена до брачниот кревет на родителите, во кој со години никој не водел љубов, го држеше мртвиот татко за рака, онаа истата со која пред толку години ја удри, и долго, долго плачеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во спалната соба имаше два кауча. Не - брачен кревет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Собата е мала, има еден брачен кревет, маса, шкаф со фиоки.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Според старото правило дека клинот со клин се избива, кога ќе го почувствува неподносливото стегање во внатрешноста на черепот, Константин З. ја врзува главата со свилена ешарпа што потоа силно ја затегнува, и онака врзан околу, во последно време проќелавената глава, врвејќи покрај огледалото со конзола во кое го следи својот комичен одраз со ешарпата чии краеви му паѓаат на рамениците, мрцлаво влечејќи ги пантофлите по паркетот од неговата служебна квартира, оди до високите прозорци, ги навлекува тешките драперии и кога во просторот ќе зацари смирувачката темница, легнува во празниот брачен кревет од својата спална соба и конечно почнува да се опушта.  З. не е самец, иако тука, во Скопје, живее самечки живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изговарајќи ги последните зборови, се сврте кон мене, ми намигна, и продолжи: “Знаете, брат ви неодамна објави книга за соништата, за некакви едипови комплекси, за таткоубиства и мајкопосакувања, за свесно и несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А сега ајде, ќе ве испратам до дома, па таму во топлиот брачен кревет ќе можете мирно да сонувате, сеедно дали свесно или несвесно.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)