брачен (прид.) - живот (имн.)

Уште на почетокот на нивниот брачен живот тој сфати - иако можеби само затоа што неа ја познаваше многу подобро отколку што ги познаваше сите други - дека таа е без сомнение најглупавата, најпростата, најпразната душа со која некогаш имал работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почна да ѝ ја раскажува приказната за својот брачен живот, но на негово изненадување таа како да ги знаеше нејзините главни моменти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Извесни свињарии во брачниот живот се неизбежни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мојот брачен живот ми беше мрачна лага.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сирота, после толку перипетии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И покрај тоа што разбра за неговиот брачен живот, кој штотуку се растурил, не ѝ пречеше да се поврзе со него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Време во кое ги почувствуваа, и таа како и тој, сладострастијата на брачниот живот, но и првите тежини што тој ги носи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓу новински интервјуа, некои посебно значајни, што подоцна ги даваше за различни весници, Цви Корец најмногу се сеќава на овој разговор.  И ете: Ечат улиците на Жешов со извиците на продавачите на весници што забрзано се пробиваат низ реката минувачи по главната улица, по која освен разгргорен јидиш се говори и построг полски и несовршен германски.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На здржаната радост на Гита со која веќе ги делеа првите сладости на брачниот живот, на гордоста на татко му кога примаше честитки за успехот на син му, на комплиментите што од сите страни го заплиснуваа како нова гордост на јудејската заедницата на Жешов, на Галиција, на сите Ашкеназим, на својата исполнетост со тоа вртоглаво славје на сладости потекнати од првиот крунисан успех.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа се заредија уредните денови на брачниот живот со рутинските часови на жонглерската работа, со тоа што Баге во вторава само се одржуваше, а во првата напредуваше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега среќата ја наоѓам во идиличниот брачен живот; но секогаш се штрекнувам кога жена ми ја треска вратата заминувајќи на работа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога се трага по историјата на малкуте Мајкини пролеани и многуте задржани солзи, во бегалскиот живот на семејството, мора да се рече дека тие се дополнуваа и со историјата на Татковите, речиси непролеани солзи во долгиот брачен живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)