бос (прид.) - нога (имн.)

Газеше важно, и како да му беше криво дека не може да тропа со боси нозе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како што му се фрлив во босите нозе, се заниша и се струполи на плеќи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Му се нафрлив. „Марко, немој! Лошо ќе поминеш!“ исплашено извика Влатко, ама веќе беше доцна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А босите нозе, како да не ја допираа земјата - лебдеше таа во воздухот и танцуваше во чудесен унес...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По патот газеше некој во правта со боси нозе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Босите нозе и правта се родени негде далеку но соништата ќе слезат и од белиот ѕид.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Беше веќе време - здивна таа кога се качивме на височинката. А потоа прошета по тумбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку одамна се случувал тој живот кога нејзините боси нозе ја кршеле утринската корупка од прав по патеките во полето; колку денови или години поминале пред она нејзино откритие соопштено со горчина: дека овде под Сина Скала никогаш нема видено ни траг од своите траги, бидејќи отсекогаш ги немало и не биле?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А правта на патеките секогаш била покриена со мека кршлива корка што ја создавала утринската роса и правта; во неа многу убаво се врежувале трагите од нивните боси нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Останаа зад нашите боси нозе полно недоиграни и полно недосонувани детски соништа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тие газат со босите нозе низ топлата вода, си играат, трчаат, разговараат. По цел ден.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
По еден час, или приближно толку, лежење така во будност што беше потхранета од Даниел, таа се извлече од креветот и со боси нозе лесно тупкајќи по килимот отиде во бањата, каде што испи два аспирина со погрешна претпоставка дека аспиринот има успивно дејство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неизбричен, начичкан со сиви, остри игли, тој гледа само со белките на очите во моите боси нозе и безгласно ја отвора големата уста. Небаре е нем.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потпрен со босата нога на стариот форд, важен и самоуверен, Петко го објаснуваше својот план.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Одам, збунето се загледав во прстите на своите боси нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа плукна на црниот под од каросеријата, ја размачка плунката со босата нога и продолжи благо: - Арсланчиња, имам книга.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А сега каде? праша Петко. - Јас ќе спијам во автомобилот, рече Пенчо; посрамено гледаше во своите боси нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пред себе го гледав момчето со боси нозе, косата му штрчеше како на еже -нити дете нити момче. Имаше само дванаесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И тргнавме. Снегот замрзнат. Братучедот Коте, кој имаше војнички чизми, удира во снегот, отвора дупки, а јас со боси нозе (опинците ми се искинаа) одам зад него.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зад нив остануваат од босите нозе длапки што мирните бранови на морето ги полнат со пена и ситни школки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кома долга четири дена, и боси нозе во комбе со ширум отворени врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Черга да постелам, на неа да гази со боси нозе додека му ги крпам чорапите искинати од трњето, од патот изоден каде што заплетувал погрешна мустра.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа што и Билјана додека го белела платното, а Ајше со пирајка ги млатела чергите на река (биле доволно стари и мажени за Климе и Реџеп) со белото месо на натколеницата која била намокрена, на случајниот минувач му била копнеж со години... и сликата на испуканата земја покрај босите нозе никогаш не му исчезнала од главата, а со неа и прашањето: „Кој бил најжеден - земјата исушена, жената распукана како лубеница со раскрачени бутови, или... тој?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И уште, и уште, и уште еднаш пред лифтот, додека се затвора вратата, а таа со боси нозе и бушава коса се поздравува со мене.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа видел како Фиданка Кукникова со раце расфрла по леите пред куќа црни грутки од куп арско ѓубре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во откраднатата крбла за млеко гмечел со боси нозе туѓо грозје, се опивал, ревел споулавено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пиштењето на несреќникот мина во бескрајно офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тој се дебелел, бил мечок на две нозе и бил алчен, ненасит.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Листовите на босите нозе ѝ блескале на сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот се клати пред коњот. Само понекогаш ќе се заврти наведнат за да ги види зад колата босите нозе и ќе воздивне. Не од тага. Од замор, од тежина на жегата. И пак продолжува да размислува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ви се јавува и сосема заборавена работа, некогаш малечко трнче што ви влегло во босата нога, помните како мајка со игличка полецка го молкне и, за да не ве боли, непрестајно дувка со уста својата душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кејтеновиот син, кога ме виде, сиот се згрчи, како да згазил на срча со боса нога.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ме посети гувернерот на Рајските Острови.“ Шлапкањето на босите нозе разбранија сѐ околу себе - и вода и слух.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеќаваше како шлапа со босите нозе по ѓолчињата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А песокот, ситен, се претура под нашите боси нозе и не можеме да држиме рамен чекор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но многупати знаеше да побесни од лутина и да вреска по мене: „Откорнатик! Антихрист!“, замавнувајќи со коприва по моите боси нозе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Имам боси нозе, шатор од облаци и расипан чадор, за секој случај.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Гладот ли што ги мачеше и нив исто како и џганот, или сликата на гладот што ја гледаа пред себе во партали, боси нозе како ѓон со крвјосани петици, гурелави очи и остри коски како сабји подадени под смрдените кошули на оние што ја преживеале чумата, ги издели некако двајцата од несреќните и ги направи поблиски, иако со сркањето од бакарните чанаци сакаа да покажат, ќајата - дека и покрај човечката слабост тој си е обезбеден пред допирот на несреќата, а тој пак - дека е благодарен и почестен што е со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие газат со босите нозе низ топлата вода, си играат, трчаат, разговараат. По цел ден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)