болен (прид.) - чувство (имн.)

И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако, како што пишува Ерик Ериксон, првата психолошка задача на детето е да развие доверба, обично преку топлиот однос со родителите, тогаш Бојс го развил чувството на доверба кај себе преку своите фантазии за себе како овчар, родител на своите овци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имајќи верба во своите родители, децата стекнуваат верба во себе, врз основа на која развиваат независност, иницијатива и марливост и ги надминуваат таквите себеоткажувачки болни чувства како што се срамот и сомнежот, вината и инфериорноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И Бојсовата уметност била оздравувачка фантазија - еден вид на сизифовско оздравување при кој емоционално пореметениот пациент, борејќи се да стигне до врвот на ридот на здравјето, секогаш е во опасност повторно да се стркала доле, но кој сепак продолжува да се качува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)