божемен (прид.) - привидение (имн.)

А потоа, наеднаш, од собата, заедно со зборовите ќе исчезнеше и божемното привидение.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)