близок (прид.) - планина (имн.)

Од имотец, освен едно криво магаре, немаше ништо, та беше принуден да прави катран од големите борови во блиската планина, да го продава во Битола и да носи на две недели по едно осмаче 'рж или царевка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Маклата, тревата беше пораснала поубаво одошто во Градешките ливади та Сиве ја смолкна косата и почна да коси околу изворчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според легендата, генералот Пиколомини на блиската планина Водно со својата војска под звуците на посмртен марш на воениот оркестар ја посматрал смртта на градот, а на австрискиот цар Леополд му пишувал дека решил, не од срце, да го закопа градот во пепел, со згради какви не видел, со џамии од најдобар мермер, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, убави старини, градини...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Блиската планина некако чудно поцрнуваше и ноќта од неа како да се симнуваше.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од блиската планина, чии обелени врвови ја означуваа границата меѓу двете земји, надираше дожд, носен од студениот ветер.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бурата беше уште поблиску. Темните облаци од блиската планина, беа надвиснати над истекот на реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Изворот беше посаден на падините на блиската планина, чии врвови беа речиси постојано во снег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)