близок (прид.) - маса (имн.)

Провокаторите од блиската маса живнаа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И четворицата од блиската маса, откако ги послужи келнерот со нова тура гроздова ракија, стануваа побучни. Стануваше живо во балканската крчма.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да можеа добро да ме слушнат и да ме разберат провокаторите на блиската маса, сигурно ќе беше поинаку.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во кафеаната завладеа тишина. Четворицата од блиската маса живнаа во очекување нова тура гроздова ракија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. се смири. Четворицата на блиската маса како по команда замолчаа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На четворицата од блиската маса им е здодевно, ништо не разбираат. Очекуваат дискретна наредба од Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)