близок (прид.) - иднина (имн.)

Јас дури су жив од својот пат не скршнуам. Co вас или без вас, јас си а знам работата моа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Којзнае шо ќе стане со нас по ваа ѓурунтиа! — се приближи Бешот до вистината на блиската иднина на сите оние што учествуваа во бунтов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фантазијата е на власт, како и посветувањето и интелигенцијата, и ние токму сега го доживуваме, или во блиска иднина ќе го доживееме, совршенството на општественото: сѐ е достигнато, небото на утопијата се спуштило на земја и она што некогаш изгледало како сјајна перспектива, сега делува како катастрофа во фокусот на некое временско сочиво што го успорува темпото.“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еден ден во релативно блиска иднина - не би можел да ви го кажам точниот датум една од пораките во вашата утринска работа ќе содржи погрешно отпечатен збор и вие ќе треба да побарате да ви го повторат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Остануваше ЕДНО, или НИЕДНО решение на мојата сложувалка, и јас бев на добар пат и двете опции да ги дознаам во утешувачки блиска иднина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Затоа не нѐ изненадува фактот што сајберпанкерите се прославија со своите куси приказни и новели, што се претежно ноторно депресивни слики на нам блиската иднина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Довербата на Ѓорче ја загубивме 54. Блиската иднина покажала дека Ѓорче Петров имал наполно право.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го чувствувам мирисот на блиската иднина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие светови се обоени и можат да звучат, а веројатно ќе можеме во блиската иднина да ги допираме, да ги мирисаме и да ги вкусиме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
1. Драга Асенета, Вие можеби имате волшебни црни очи кои фрлаат мирисни погледи околу себе, можеби зад себе сеете скапоцени сенки и можеби мочкате колонска вода, како што рекла една писателка, но тоа нема да Ви помогне да станете јунакиња на оваа книга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Навидум, сѐ е прилично лесно, доволно е во блиска иднина трипати да излажете, но и нешто веќе да се случило во вашето неодамнешно минато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Светоста на нашиот телесен имиџ, заедно со ирационалните табуа во врска со сексот и смртта по сѐ изгледа се најупорните анахронизми на мислата во индустриската ера. човечкото суштество на иднината можеби ќе биде био-компјутерски хибрид со облик каков што ќе се посака, или “електронски ентитет” во дигиталниот инфо- универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)