близок (прид.) - звук (имн.)

Дури и кога овие блиски звуци стивнуваа, низ прозорското стакло до нас допираше вревата од другите соби на Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако ќе се издвојат фонетски блиските звуци на јазикот L, тие се распределуваат согласно со појдовниот пример на алфабетот L1 и добиваат соодветен графички израз.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во процесот на создавањето на писмо за секој јазик L, фонетските единици на овој јазик се издвојуваат по пат на компарација со фонетските единици на јазикот L1, кои во определен редослед се застапени во системот на писмо L1, земен како пример-прототип за создавање на писмото L.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Понекогаш во ноќта ме будеше гласот на Клара: „Буди се, тишина е!”, понекогаш, кога се будев ноќе, ако од никаде не се слушаше ништо, а тоа беше реткост, ѝ велев на Клара: „Буди се, тишина е!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)