близок (прид.) - им (зам.)

На татко ти Бог да му ја варди душата во рајот, на негови синови и други блиски им беа уништени гробовите. Ама не запреа на тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И блажени се оние што не бегаат од своите грешки, туку со нив се соочуваат и ги надминуваат единствено со силата на љубовта кон блиските свои, оти само љубовта го проштава гревот, без притоа да го заборави, зашто сеќавањето на гревовите кои љубовта кон блиските им ги простила нѐ учи каква е таа во својата вистинска природа“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите кои доаѓаа кај своите блиски им носеа и по нешто за јадење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)