ближен (прид.) - мој (прид.)

Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Пак ќе надојдат води И во наноси ќе останат нашите души, Затоа се делам од вас, ближни мои, Затоа се делиме во овие височини Што вџашуваат Со помислата на нашиот почеток.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Сам во самица Составен од изохипсите на векот Се молам, Ве молам, ближни мои, Да го заробиме сонот за жешката магма И да сонуваме, да сонуваме Повторно раѓање.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Девет орлиња Ќе ја надлетуваат книгата Отворена за вас Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
8.5 Се качувам на врвот од темната шума И светлата осама ме победува Пред длабочината на небото Што ме сонува Што не сонува Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Плачам за вас ближни мои Барајќи го вистинскиот збор Низ сиви прашливи несоници.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Кој е тој? Кој сум јас? Кои сте вие? Се прашувам Ве прашувам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Го откривам предоцна Но, сепак, тоа е мое Колку што е и ваше, ближни мои, Кога ве дочекува со раширени раце И со гром удрен во срцевината.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)