блажен (прид.) - израз (имн.)

За работата да биде уште понеподнослива, отспротива, пред надворешната врата на својата куќа, стоеја Надежда и мајка ѝ, а подалеку зад нив, и снаата, трите со рацете во врзалките од скутините, и трите со еден мил, блажен израз на среќа што го слушаат овој разговор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Циљка сврте поглед кон Мита. Таа сѐ уште на лицето има блажен израз на недоискажана молитва.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Климент Камилски со блажен израз му возврати на Татко: Ти благодарам, пријателе, ми го разубави денот, животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)