благороден (прид.) - срце (имн.)

Мајка ми објасни. – Тој има благородно срце, – рече таа. – Јасно е дека е носталгичен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како човек со толку благородно срце беше подготвен да убива без страв?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе успее ли неговото благородно срце да ја надвие подлоста, која како голем и страшен полип ги обвива и стега со своите безбројни пипала. Или...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само што ги виде и проговори збор-два со Велета тој веднаш разбра кого го има пред себеси и неговото човечко, благородно срце се исполни со тага.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кај тебе е еден месец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа внатрешно неспокојство кај неа се зголемуваше со самото приближување на уште една година, сигурно е поради тоа, си мислеше, што повеќе да посакам во Новата година кога веќе Господ и Света Богородица се смилуваа на мене и ми го покажаа патот до благородното срце на мајка Перса!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го познавам овој трепет на усните, страв да ги претворам во бисери совршените зборови “научив да те сакам, како што заслужува твоето благородно срце”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ново утро и лет на ластовица, чист воздух во градиве, слика на страмежлива и нежна детска насмевка, нов живот во топла прегратка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)