благ (прид.) - падинка (имн.)

Босфорскиот проток, и од европската и од азиската страна, сиот е претворен во ривиера и место каде што живеат позамошните, зашто овде, на благите падинки кои се слуштаат до црноморските води, секогаш е свежо и дува ветре, што ги ублажува пеколните жештини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Всушност, тоа беше една долга пристојна корија, со благи падинки, неброени зелени полјанки и бистри поточиња што не пресушуваа во текот на цела година.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)