битолски (прид.) - грчки (прид.)

Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Султанот може да се допраша, рекоа, кај валијата, кај битолскиот грчки владика, оти ние наш немаме, дали заслужувате одобрение за ѕидање, а тие налутени дека сте ги прескокнале, да му одоворат дека не заслужувате, па и овој пат ништо да не направите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Колку години како бараме одобрение за ѕидање црква, а тоа не стигнува, вели, оти битолскиот грчки владика е против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)