билатерален (прид.) - однос (имн.)

Еден од адутите во мојата дипломатска мисија во билатералните односи на Југославија со Тунис беше како да се задржи Хидротехника, специјализирана во изградба на песочни брани, по две децении успешен настап во градбата на најзначајните песочни колинарни брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Времето е доктор и за некоја година, кога ќе се смират страстите, можеби повторно ќе се воспостават билатерални односи и пријателство без граници.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Може да предизвикаат нарушување на билатералните односи, може да значат загрозување на нашата територијална средина, да бидат опасни по нашиот идентитет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со умниот Делатр, во кого претседателот Ширак имаше голема доверба, успевавме да договараме значајни настани од билатералните односи помеѓу двете земји (посебно посетите на тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, премиерот Бранко Црвенковски и други).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)