бетер (прид.) - од (предл.)

Читам на Интернет како сме го попушиле на самитот на НАТО во Букурешт: само Америка нѐ поддржала, а сите останати си свиркале загледани во плафон, бетер од дебарски молери!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Море смрдење, мајката бреј! Бетер од Турчишчата!“ — си помисли Толе кога си ги бришеше солзите од очите, кои беа му навреле при повраќањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па и онаа мајка ми, бетер од нив е, во „кома“ паѓа од восхит по мојата коса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да и видите виа децата, да и позакрпите, не гледате ли, слепи да прогледате, бетер од ѓупчиња се сториле! — му даде Толе да разберат зошто ги задржува дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вели, таа ми била прекрасен дар што особено ме краси и ме прави различна од другите, а кога ќе почнам да се поплакувам и да кажувам колку сум очајна, а никако не горда и задоволна, таа сè ќе стори да ме разубеди, но попусто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој бетер од татко му ќе биде.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)