бескраен (прид.) - празнина (имн.)

Само ја чувстуваше бескрајната празнина во себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И враќајќи се од бескрајната празнина гореше од недореченост, затворајќи го погледот - накратко сосем мртва, бранувајќи го воздухот со прстите, несигурно како дете ја донираше својата кревка појава од надвор, непознат облик на работ од умот, исцрпена од силните претчувства за далечните светови во кои нема пристап, ограничена од ноќта, тажна, вознемирена и исплашена заради неочекуваноста на поривот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Треперењето изразуваше несогласување но и страв од она мое тврдење дека времето е бескрајна празнина: и она време, во кое таа има намера да замине, а и другото, моето, во кое во тој момент ќе се наоѓам јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Душата ѝ ја исполни бескрајна празнина, пустош.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)