бесен (прид.) - и (сврз.)

Од тука гледа како од обете страни на езерото и во самото езеро кипи дива, нагла, страстна, непомирлива, слепа, отворена и смртна, бесна и упорна како неразуздана стихија - борба за живот и како што сѐ повеќе се разгорува омразата и пизмата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бев бесна и лута на целиот свет, но повеќе не е важно кој е крив или можеби никој не е крив, свеќите на божиќната елка повторно некаде ќе се запалат и мирисот на дивите костени ќе биде посладок од кога и да е порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вели дека Иванов бил бесен и дека тој не сака да страда заради тебе...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нели, многу смешно - се трудеше Катерина да се разведри, или само да ми прикаже дека не држи многу до тие сеќавања; и наеднаш, откако се потпре со едната рака на мојата подлактица неочекувано потскокна, се протегна колку што можеше за да дофати некој лист од гранката, но тоа не ѝ појде од рака, и откако се спушти на земјата ми се приближи, ме опфати со двете раце и ме привлече кон себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев бесен и мислев, за да не кажам некоја увреда, дека ќе загризам во стаклото на кристалната чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но таа вечер, кога го грабна оној мој билмез за рака и го поведе кон кејот, бев бесна и преполна со очај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)