бесен (прид.) - куче (имн.)

Насекаде се распослала убавина, којашто (како расплодна кучка бесни кучиња) ги мамела некогашните доселеници, самотни ловци и копачи по злато, бели фармери и жолти градители на пруги, коцкари и десперадоси, курви и визионери...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој град Куманово у то време беше п`лн сас прашина, комарци, Турци и бесни кучиња.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ме фаќа некој бес, како бесно куче да имам врзано за срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИХАЈЛО: Мајко. Ова цел живот ни го кажуваш. Или никогаш ништо не си ни носела или редно е некој да ги потепа бесните кучиња кои секогаш, баш тука блиску, пред прагот, се ни претураат, во јазот, во кал. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, паред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, се ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, пред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, се ми истујрија во јазот во калта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, пред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, сѐ ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И студенило бие од црнилото што надоаѓа ваму, нагоре, кон Горнени, ама и нагоре, над Горнени е облачно, отсекаде мрак се наддава, мракот како глутница бесни кучиња ја спобркале светлината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Некои бесни кучиња јурат одозгора, од кај Горнени и како да се право на неа нашнати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како бесни кучиња од сите страни го раскинуваа, Болката од студот, повредата на рацете веќе не ги чувствуваше: душевната немоќ беше поболна од болката на телесните сетила.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Брзаница испив само шолја млеко и се стрчав наудолу.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нема лутење, братче“, Љупчо ми подаде рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Вчера обајцата бевме бесни кучиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега е еден од оние бездомници што ги гонат по софиските улици како бесни кучиња.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)