бел (прид.) - рака (имн.)

— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Соколе се покорува како мало дете, сака да биде свој, а не може, има некаква безмилосна власт во оваа мала бела рака, што така меко го допира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Наеднаш тоа се најдува во прегработ на нежните бели раце. Маман, маман!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Навистина, мајка ми имаше многу убави бели раце, а таков ѝ беше и тенот многу бел, што, за жал, јас не го наследив, а го наследи Наташа... . . .
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На месечевиот чардак на Сува Река доба е да дојдат жение со бели раце.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Па дочаквах свое либе тамо во градина, кога оно утром рано, во зора гл'бока, зело лејка в бела рака, цветја си поливат, а ја одвај, одвај дишам, да не ме догледат...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Белите раце му беа на градите, се приближуваа кон вратот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)