бел (прид.) - кожа (имн.)

Не можеше да протпостави: белата кожа на Јана се морничави и прска под туѓи прсти, под раширени и подвижни краци на мал полип, прсти - слух во своите врвови за таинствениот шум на секој зглоб и секој мускул. ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога Ружди берберот ќе им ги острижеше обраснатите тилови, над опалената кожа ќе се појавеше уште еден прст недопрена нова, бела кожа, која дотогаш била под косата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Белата кожа со нежни кремасти бенки ѝ даваше специјална привлечност со бебешки шарм.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И кога ќе легнеше да спие, и ноќницата што ја носеше под расото, ѝ беше исто така долга за да не ѝ се види белата кожа на телото, која веќе ѝ стана одбивна и ја гледаше со преѕир.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)