бел (прид.) - клепка (имн.)

Андон плашливо затрепка со белите клепки, ретки и незабележливи што скоро како и да ги немаше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓу белата коса, спуштена на челото, и белата брада, виде сина, тенка линија, а во полуотворените очи – линија на хоризонтот, низ која, одвреме-навреме, прелетуваа белите клепки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Утре ти е слава, му говореше жената искрено мразејќи го пожарникарот со бели клепки. Ќе викнеш ли некого од своите колеги.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)