бел (прид.) - брада (имн.)

Тогаш, на сам ден Свети Никола Земен, цела Пелагонија осамнува под првиот снег, оттаму и прекарот на светецот Никола со бела брада, кој не се истопува преку целата зима, па Потковицата потсетува на нешто бело и огромно, на митолошко птичиште, клапнато во снегот среде полето, кое, ти се чини, секој миг ќе се раскрили и ќе полета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој низок, тивок, рамен и постојан пламен, што избива, чиниш, направо од нејзината утроба, ја подзема и гори таа, бакарноцрвена, сѐ до Свети Никола Зимен, уште како што викаат овдека Никола со бела брада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш како балон нежно го враќа во постелата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се плаши да отвори прозор за да Фјодор случајно не одлета над стреите Келнски и да не се насука на врвот на Келнската катедрала каде што живее малиот но недопирлив бог на рационалноста и мајсторството, кој е многу кавжлив и терсене иако има долга бела брада како Дедо Мраз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто така, некој чуден старец, со раширена бела брада, залутал до мостот и, со глас што се чинело како да доаѓа од длабочината на пештера, го предупредил Даниел дека ни неговите потпори, ниту неговото вешто ѕидарство, ни неговиот специјално измешан малтер нема да можат да опстојат на злата сила, која била насочена кон уништување на неговиот мост и која претходно уништила два други моста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Целиот беше крвав. Лицето и белата брада му беа испрскани со црвени дамки, како да прележува сипаници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И потем гатачот ѝ се обраќа на невестата: „Вруќо мори млада, под белата брада!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Не е потребно да пуштиш бела брада па тогаш...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А знаеме дека тој милостивникот е со бела брада.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Маж, висок, со шапка, малку поостарен, со тенка бела брадичка на замислен прч; а двете жени, боси, со зелени коси до нивниот разголен папок и со бели нараквици.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А сега, кога пред неа седеше стариот и облечен кадија, со бела брада и коса, крвави очи, чија жртва требаше да биде таа, срцето и препукна и одвај се воздржуваше да не рикне како ранета лавица и да му се фрли на непријателот да го раскине со заби и нокти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како сега да го гледам - бели коси, бело лице, бела брада, божем од снег си го направил.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога стигна на петнаесетиот кат, веќе беше подгрбавен ќелав старец, со бела брада и збрчкано лице.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Трите бели пластови, бела брада, бели мустаќи, бела коса беа како облаците, снегот и маглата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мудрецот Во најдлабоката внатрешност на планината, без нималку надеж, дека ќе сретне жива душа, пред него на патот, здогледа легнат старец, со долга бела брада, речиси до појас, долга бела коса која му паѓаше кротко низ рамениците, спуштајќи се надолу преку свиената грпка.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)