безобличен (прид.) - човек (имн.)

Значи, за ножот до дршка забуцан во градите на безобличниот човек.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но тогаш беше април а сега во овој мамурен час пак се тргаше од полусонот, му се спротивставуваше на ножот и го бришеше од себе безобличниот човек за да се врати таму в планини, за да најде за нешто причини, сега, кога сиот беше еден огромен простор во кој бучат водопади и прскаат облаци и јурат незауздани диви ветришта.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еве, го, го гледа веќе безобличниот човек, виновникот на неговата кловновска сентименталност, на неговото паѓање.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)